Бузаку: Единствен рекетар во ИВЗ е Реџепи, имам докази дека присвоил 700.000 евра

Петок, 04 Окт 2019 | Прочитано 496 пати.

Во Јавното обвинителство денеска Скендер Бузаки достави документи и докази, кои, според него, прикажуваат дека поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи сторил кривично дело и за себе присвоил 700.000 евра од ИВЗ, преку приватна фирма.


– Пријавеното лице присвоил над 700.000 евра, пари уплатени за аџилак. До ОЈО доставив и други докази кои ја поткрепуваат кривичната пријава. По факура број 1459 исплатени се средства од 600.702 евра за такса за престој во Саудиска Арабија за 840 аџии, односно ИВЗ платила такса по 800 евра за лице преку посредник – приватна компанија. Според правилата и утврдената такса за престој од страна на Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, таксата за престој е утврдена на 510 евра по човек, која ИВЗ требала да ја плати директно на сметката на Министерството. Со тоа што Реџепи исплатата ја извршил преку приватна компанија докажува дека целта била да присвои пари – изјави Бузаку.


Тој додаде дека очекува обвинителството да ги преземе сите потребни дејствија, а во меѓувреме најави дека ќе продолжи да објавува нови докази за извршени кривични дела од страна на Реџепи.

– Единствен рекетар на ИВЗ е Сулејман Реџепи кој преку оваа фактура има присвоено парични средства – истакна Бузаку кој пред два дена му даде ултиматум на Реџепи да го отстапи местото за 72 часа.

Бузаку истакна дека приватната фирма преку која одела уплатата, не била од Македонија.


извор:21TV

[назад]
loading...
Коментари

Македонија