Чешкиот министер за надворешни работи на средби со Димитров и Заев

Четврток, 14 Март 2019 | Прочитано 115 пати.

По покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, во официјална посета ќе допатува министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек.

На агендата на разговорите на двајцата министри, покрај прашањата за актуелната состојба и перспективите за натамошен развој на севкупните билатерални односи, ќе се најдат и прашањата за соработката во рамките на интегративниот процес на Република Сeверна Македонија во ЕУ и НАТО, како и заедничката соработка во рамките на меѓународните организации. Се очекува шефовите на двете дипломатии да разменат мислења и за повеќе актуелни прашања од регионални и меѓународни рамки.

Во рамките на посетата министерот Петжичек ќе оствари средби и со претседателот на Владата, Зоран Заев, и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а потоа ќе присуствува на свечениот прием во Амбасадата на Република Чешка по повод 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.


Извор: tocka.com.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија