Честитка од САД и Помпео за Денот на независноста

Понеделник, 09 Сеп 2019 | Прочитано 107 пати.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Република Северна Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции.


-Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност, наведува Мајк Помпео во честитката, соопштено е од Стејт департментот.


Тој го поздравува како историски Договорот од Преспа со Грција и ги поддржува настојувањата на Северна Македонија да се приклучат кон НАТО и ЕУ.


-Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само на иднината на Република Северна Македонија, туку и мирот и безбедноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме вас како наша 30-та членка во НАТО, наведува Помпео.



Извор: lokalno.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија