Дескоска учествува на Кранс Монтана Форумот во Швајцарија

Четврток, 27 Јун 2019 | Прочитано 127 пати.

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска деновиве учествува на јубилејното 30 издание на Кранс Монтана Форумот кој деновиве се одржува во Женева, Швајцарија.


Овогодинешната тема на форумот е насловена како “Дали мирот, развојот и стабилноста стануваат сон?“, а министерката за правда Рената Дескоска ќе се обрати на сесијата посветена на Иницијативата за источно-медитеранската соработка, за која оваа година исто така ја одбележуваме 30 годишнината. Во рамки на истата сесија, ќе се обрати и поранешниот претседател на Република Албанија, г. Сали Бериша.


Целта на Кранс Монтана Форумот е да ја зајакне меѓународната соработка преку промоција на добри практики на меѓународна соработка и градење на постојан дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучни актери и носители на одлуки.


Кранс Монтана Форумот е невладина меѓународна организација која е основана во 1986 година, и мисијата на оваа организација е да изгради подобар свет, чие мото гласи "кон похуман свет".


На форумот учествувал и поранешниот претседател на Република Македониј, Киро Глигоров.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија