Димитар Силјановски дел од жирито за стартап бизниси на балканот

Петок, 09 Ное 2018 | Прочитано 41 пати.

Скопје, 11.09.2018 - Македонската компанија за развој на продукти од ИТ секторот Интертек која работи на глобалниот пазар оваа година повторно е дел од Macedonia 2025. Сопственикот на компанијата Димитар Силјановски кој минатата година беше гостин панелист на самитот  и говореше за Македонија како како центар за паметни индустрии, оваа година ќе биде дел од жири комисијата за стартап бизниси на балканско ниво која е во организација на CANSEE (Канадско-српска бизнис асоцијација), Macedonia2025 и Restart (Босна и Херцеговина) за финансиска поддршка од Фондот за Западен Балкан.

 Оваа програма започна во Белград, како прв дел од трите, на која се разгледуваа идеите за бинзис. Следната фаза се одржа во Сараево во месец Август, а денеска заврши во Скопје каде беше и последната трета фаза.

 Според Димитар Силјановски на овој самит биле презентирани навистина голем број на идеи кои се за почит.

 "Драго ми е што имав можност да бидам дел од самитот Macedonia 2025 како дел од жири комисијата на старта ап бизниси. Имав можност да видам одлични бизнис идеи кои зааслужуваат навистина голема почит. Искрено се надевам дека оваа традиција и овој начин ќе продолжи и во иднина. Јас како сопственик на глобална компанија која почна буквално од нула пред само три години сум сведок дека успехот е неизбежен со желба и напорна работа" - изјави Димитар Силјановски, сопственик на Интертек и дел од жири комисијата за стартап бизниси.

 Победниците ќе имаат можност да ги презентираат бизнис идеите пред македонските, српските, босанските инвеститори и пред други инвеститори од светот, како и да се запознаат со голем број на бизнисмени и стопанственици со кои ќе можат да разменат идеи за развој и соработки.

[назад]
loading...
Коментари