Договор меѓу Македонија и Косово за остварување право на пензија

Четврток, 07 Фев 2013 | Прочитано 313 пати.

Денес во Приштина, Република Косово, македонскиот министер за труд и социјална политика , Спиро Ристовски и министерот за труд и социјална заштита на Република Косово, Ненад Рашиќ ќе потпишат Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија.

Со овој Договор се овозможува остварување на право на пензија на македонски државјани коишто имаат навршено пензиски стаж во Република Косово до 31.12.1998 година, а немаат 15 години пензиски стаж навршен во Република Македонија и не можат да остварат право на старосна пензија.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија