Фатен шверцер со 8 илегалци во автомобилот

Петок, 09 Фев 2018 | Прочитано 258 пати.

Ноќеска околу 00.50 часот на место викано Мечкин Камен во Гевгелија, од стана на униформирани полициски службеници од Полициска станица Гевгелија при контрола на патничко моторно возило ауди А4 пронајдени се осум странски државјани.


Возилото, со кичевски регистарски ознаки, било управувано од Б.А.(41) од кичевското село Србица, којшто бил заедно со А.Н.(39) од кичевското село Арангел, а во него пронајдени се осум странски државјани (од Иран, од Ирак, од Пакистан и од Турција) кои немаат документи за преминување на државната граница.


Лицата се приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.


Извор:МКД

[назад]
loading...
Коментари

Македонија