Хан: Советот на ЕУ во октомври ќе ја потврди позитивната оценка

Четврток, 04 Јул 2019 | Прочитано 122 пати.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска изјави дека целиот регион на Западен Балкан треба да го следи примерот на Северна Македонија и треба да ги забрза реформите, особено во сферата на владеењето на правото, почитувањето на човековите права и доброто извршување на власта. Тој наСамитот за Западен Балкан во полскиот град Познањ нагласи дека ЕУ мора да ги почитува своите ветувања и да ја награди „земјата што постигна историски напредок“, оценувајќи дека не наградувањето на објективниот напредок ќе го наруши кредибилитетот на Унијата.


„Стојам зад препораката на Европската комисија за започнување на преговорите за членство во Албанија и Северна Македонија и сметам дека Советот на ЕУ во октомври ќе ја потврди нашата позитивна оценка. Двете земји спроведоа реформи, особено во сферите наведени во заклучоците на Советот од јуни 2018“, изјави Хан.


Извор: Радио Слободна Европа

[назад]
loading...
Коментари

Македонија