Хрватска е за што побрз прием на Македонија во НАТО и ЕУ

Вторник, 13 Март 2018 | Прочитано 123 пати.

Реформите се клучни за напредокот на секоја земја на патот кон Европската унија и НАТО, а Македонија е добар пример во однос на нивното досегашно спроведување и процесот за неа ќе се забрза по решавањето на спорот со Грција околу името, порача денеска хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Никола Димитров.


„Македонија има пријател во Хрватска и откако ќе се реши прашањето за името ќе ја добие нејзината поддршка за што е можно побрзо вклучување во НАТО и почнување на преговорите за влез во ЕУ“, рече Пејчиновиќ Буриќ.


Напомена оти Хрватска ги поздравува напорите на Македонија за да го реши спорот со името на начин на кој ќе се почитуваат дигнитетот и идентитетот на двата народа. Поддршка даде особено и за влезот во НАТО, нагласувајќи дека Хрватската амбасада во Македонија е контакт на земјата со Алијансата.


Димитров посочи оти на средбата била истакната амбициозната цел на Македонија во однос на ЕУ и НАТО во текот на оваа година и додаде оти искуствата на Хрватска се мошне важни за земјава со оглед на тоа што таа последна пристапи во Европската унија.


Извор:24 Вести


 

[назад]
loading...
Коментари