Изјава на Вицепремиерот Османи

Четврток, 11 Окт 2018 | Прочитано 426 пати.

Почитувани,


Информацијата за отворената истрага од страна на СЈО, иако уште претходно како шпекулација ја имав слушнато и прочитано во медиумите, сепак претставува изненадување за мене, особено спомнувањето на моето име во контекст на евентуални злоупотреби. Во мојата политичка и воопшто професионална кариера, и како Министер за здравство порано, и сега, како Вицепремиер, предводник на Секретаријатот за европски прашања, секогаш сум работел според закон, и во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Задржувајќи го истиот принцип, сакам да испратам неколку пораки:


Поведената истрага ја сметам за нормална, коректна и професионална обврска на Обвинителството и во таа насока стојам на располагање и на Специјалното Јавно Обвинителство, и на било кој друг правосуден орган во земјава, за соработка во интерес на идентификување на целосната фактичка состојба. Сакам да потенцирам дека немам што да кријам, напротив, очекувам што е можно побрза и поефикасна истрага, а со цел да се утврди вистината - дека ниту сум влијаел, ниту сум можел да влијаам, а ниту сум можел да бидам запознаен со евентуална злоупотреба, секако, доколку таква постоела.

[назад]
loading...
Коментари