Ја убил сопругата во куќата на нејзината мајка, убиецот сѐ уште во бегство

Понеделник, 15 Окт 2018 | Прочитано 1,051 пати.

Полицијата го бара А.К.(53) од тетовското село Мала Речица кој со два куршуми од пиштол ја убил сопругата Х.К.(52), а се обидел да убие уште едно лице, вчера вечерта во Мала Речица.


Според полицијата, убиството било извршено во 22.35 часот во куќа на улицата Љуботенска, во селото Мала Речица.


Критичното време А.К. вооружен со пиштол отишол во куќата на мајката и братот на неговата сопруга во Мала Речица, каде што таа неколку дена престојувала таму и не сакала да се врати кај сопругот.


Тој ја повикал да разговараат, по што го извадил пиштолот и и ја убил сопругата.


По убиството пиштолџијата избегал, но на улицата 179 го забележал соселанецот Т.Џ. со кого имал недоразбирање и кој критичното време бил во неговиот автомобил „голф“. Убиецот и кон него испукал неколку куршуми но не го погодил. По ова, вооружениот А.К. влегол во својот автомобил и избегал.


Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово извршиле увид на местото.


На двете места каде што било пукано биле пронајдени по  две чаури калибар 7,62 милиметри.


По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.


Се преземаат мерки за пронаоѓање на А.К. и за целосно расчистување на случајот.


Извор:mkd.mk

[назад]
loading...
Коментари