Јакимовски приведен по вчерашниот претрес на Финансиската полиција

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 300 пати.

Бившиот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ноќеска е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија на претходна постапка.


„Стевчо Јакимовски синоќа околу 23 и 30 минути е лишен од слобода. Согласно Законот за кривична постапка течат роковите и во наредните 24 часа тој треба да биде изведен пред судија на претходна постапка. Дотогаш тој ќе биде во полициска станица. Очекуваме утрово да бидеме повикани пред судија на претходна постапка кога ќе се знае дали ќе има некакви предлог мерки од обвинителството и другите надлежни органи“, изјави адвокатот на поранешниот градоначалник Виктор Цветковски за државната агенција МИА.


Финансиската полиција вчера влезе во неколку станбени објекти на семејството Јакимовски, но засега оттаму нема официјална информација за претресот. Јакимовски вчера кажа дека станува збор за три јавни набавки, за старите општински бараки и за плоштадот во населбата Жданец. Според него, се работи за техничка грешка и за политичка одмазда на власта, а не и за криминал, бидејќи, како што вели, службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција.


Извор: sdk.mk

[назад]
loading...
Коментари