Јакнењето на имунитетот ги спречува алергиите

Понеделник, 16 Апр 2018 | Прочитано 45 пати.

Пролетта ги разбуди алергиите. Симптомите кои ги мачат алергичните се јадеж во очите, кивавица, сува кашлица, затнат нос, отоци, изнемоштеност. Хронично болните знаат како превентивно да се заштитат но секогаш може да се јави и бурна реакција на некој алерген.


Оние кои страдаат од алергии имуниот систем им реагира на опасните супстанци, како на пример поленот. Алергените ги има насекаде и се глобален проблем, вели д-р Ѓорѓи Карамановски.


Засега во Итната медицинска помош нема зголемен број на повици, но се очекуваат во наредниот период.


Алергијата треба што побрзо да се дијагностицира и да се третира за да нема компликации, особено кај децата, велат докторите.


извор:МРТ

[назад]
loading...
Коментари