Македонците од дијаспората имаат 2 недели да се пријаваат дали ќе гласаат на референдумот

Среда, 08 Авг 2018 | Прочитано 276 пати.

Референдумот во македонското Собрание беше распишан со 69 гласа „за“, а опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.


Државната изборна комисија веќе активно е ангажирана во организацијата на референдумот и испрати апел до граѓаните да ги проверат своите лични податоци во Избирачкиот список за референдумот, веќе од утре.


Во текот на вчерашниот ден беше одржана седница на која беа разгледани десет точки во насока на спроведување на референдумот, пред сѐ од финансиски аспект, но и за усвојување на образецот за пријава за гласање во странство.


– Изјаснувањето на дијаспората за референдум се спроведува по исти принцип како за избори. Доколку има повеќе од 10 пријавени гласачи, се организира гласање во сите дипломатско-конзуларни претставништва на Република Македонија, каде што е покажана таква заинтересираност. Пријавувањето се врши со пополнување на образецот за пријава за гласање во странство во дипломатско-конзуларните претставништва или по електронски пат во ДИК. Оние пријави што се поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва, преку МНР ќе бидат доставени во ДИК, па по констатирање на бројноста на заинтересираните за изјаснување во дијаспората ќе биде организирано гласање. Пријавувањето за изјаснување на референдумот во дијаспората ќе се спроведува од 9 до 23 август – објаснува портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.


Извор:press24.mk

[назад]
loading...
Коментари