Македонец во Австралија осуден на 20 години затвор за убиство на сопругата

Понеделник, 04 Фев 2013 | Прочитано 315 пати.

Македонец од Австралија е осуден на 20 години затворска казна поради убиство на својата сопруга.

Се работи за 60-годишниот Драги Магловски од Австралија, а по потекло е Македонец, кој на 8 октомври 2011 година си ја убил својата сопруга со десет убоди од нож во нивниот дом во Херствил, Сиднеј.

Причината за убиството било тоа што Роса Магловска (48) побарала развод од сопругот. Двајцата биле повеќе од 30 години во брак. Според австралиските медиуми, осум месеци пред убиството, сопружниците спиеле одвоено. Во брак стапиле во Македонија, а потоа се иселиле.

Тој не може да биде ослободен или помилуван пред да одлежи најмалку 16 години затвор, односно во октомври 2027 година.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија