Македонија очекува безусловна препорака

Вторник, 17 Апр 2018 | Прочитано 66 пати.

Во Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе биде соопштен најновиот извештај на Европската комисија за Западен Балкан. Македонија според изјавите на дипломати од Брисел ќе добие препорака за почеток на преговорите за членство, но исто така ќе биде нотирано да се продолжи со исполнувањето на реформските приоритети.


Според дописникот на МИА од Брисел, во извештајот ќе пишува дека Македонија ја надминала длабоката политичка криза, се поздравува работата на земјава, особено во подготовската на стратегиите за законодавството и се бара од опозицијата да се вклучи во реформскиот процес.


И премиерот Заев и шефицата на европската дипломатија и одбрана, Могерини очекуваат добри вести за земјава, според сработеното.


извор: МРТ

[назад]
loading...
Коментари

Македонија