Меркел: 30 септември е историска шанса и немојте да останете дома

Сабота, 08 Сеп 2018 | Прочитано 419 пати.

Ви го честитам Денот на независноста. Се радувам што 25 години имаме дипломатски односи кои се интензивни, пријателски и успешни. Околи 100.000 гражани од Македонија живеат во Германија кои се мост меѓу двете земји – изјави канцеларката на Сојузна република Германија, Ангела Меркел, на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.


-Сакаме да имаме и поинтензивна врска меѓу земјите. Сојузната влада и јас се залагаме за продлабочување на врските. Референдумот е отворање на портите за вашата земја за влез во ЕУ и НАТО. Потребно е уште многу работа, но предуслов е успешен референдум. 30 септември е историска шанса и немојте да останете дома. Искоирстете ја демократската можност да го кажете она што го мислите за инднината на вашата земја – изјави Меркел.


Меркел потврди дека е испратен и советник за економски прашања со цел да ја поддржат вашата Македонија во понатамошниот пат на реформите.


Извор: libertas.mk

[назад]
loading...
Коментари