Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на Конференција во Приштина по повод 10 години децентрализација на Косово

Четврток, 14 Јун 2018 | Прочитано 261 пати.

По повод 10-годишнината од усвојувањето регулативата за локалната власт, воедно и јубилејот од основањето на Косовскиот институт за локална самоуправа, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, присуствуваше на Конференцијата посветена на локалната власт "10 години по децентрализацијата и конституирањето локалната власт.
На конференцијата присуствуваше премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај, амбасадорите на Швајцарија и на Кралството на Норвешка во Косово, нивната екселенција Жан- Хуберт Лебед и Странд Сјастад, министри и претставници на релевантните министерства, градоначалници на општини на Косово и од регионот и претставници на граѓански организации и од донатори.


Министерот Фазлиу во своето обраќање пред присутните зборуваше за процесот на децентрализација во Македонија, регионалниот развој, Програмите на ИПА фондовите на ЕУ и важноста на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.



Децентрализацијата како процес во Македонија, истакна министерот Сухејл Фазлиу стана актуелна по 2001 година со потпишувањето на Рамковниот договор, кога се урна централистичката концепт на власта и беше воспоставен еден од основните столбови на овој Договор - децентрализација на власта. Потребни беа големи напори и многу активности, при што се промени и прилагоди законската регулатива и од нулта точка официјално овој процес започна во 2005 година кога започна и фискална децентрализација на општините. Значи, како основни елементи на овој процес беа: Децентрализација на власта; Фискална децентрализација; Територијална организација; и зајакнување на општинските капацитети.


- Децентрализацијата не е одлука, туку долг и комплициран процес. Еден од предизвиците кој и понатаму останува клучен дел на оваа реформа е зајакнувањето на капацитетите на општините и рамномерениот регионален развој. Во оваа насока, беа подготвени конкретни програми кои се спроведуваат во континуитет а голема беше и помошта на Европската Унија со конкретни проекти. Сега, овој процес е во напредна фаза а на општините им беа пренесени надлежности во областа на образованието, културата, урбанизмот и просторното планирање како и надлежности кои се однесуваат за планираниот развој на општините. Резултатите се позитивни, а она што не охрабрува е дека со делегирањето на надлежностите се зголеми одговорноста на градоначалниците и општинските совети, додека во процесот на одлучување и дефинирање на приоритетите на развојот на општините се вклучуваат и граѓански организации и на бизнис секторот, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.


Министерот Фазлиу, зборуваше и за рамномерниот регионален развој на Република Македонија, како и Програмата за прекугранична соработка со Косово, со поддршка од ИПА фондовите на ЕУ.



На крајот, министерот Сухејл Фазлиу ја истакна важноста на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово за взаемната размена на искуства и отворање на нови хоризонти за меѓусебна соработка.



Министерство за локална самоуправа

[назад]
loading...
Коментари

Македонија