Министерство за труд и социјална политика: известување за извршениот вонреден инспекциски надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

Среда, 10 Окт 2018 | Прочитано 185 пати.

Министерството за труд и социјална политика го заврши вонредниот инспекциски надзор во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче, направен вчера, по писмен допис на родител. При надзорот, освен што се земени писмени изјави од директорот, психологот и педагогот, МТСП го задолжи раководството на градинката во најкраток можен рок да го расветли случајот.


Министерството за труд и социјална политика посветено работи на подобрување на условите во детската заштита и доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, затоа што секое дете ни е важно.


Во интерес на правилно известување, Министерството за труд и социјална политика ги упатува медиумите да бидат во комуникација со раководството на градинката „Буба Мара“, кое веќе работи на преиспитување на целиот случај. Исто така раководството е во постојана комуникација со родителите на децата со кои за попладнeво е закажана родителска средба.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија