Момче и девојка од Македонија најдени мртви на Кајмакчалан – пожарникарите не можат да ги извлечат

Недела, 11 Фев 2018 | Прочитано 882 пати.

Двајца планинари од Македонија синоќа биле пронајдени починати на Кајмакчалан. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за младо момче и млада девојка, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.


На местото каде биле пронајдени имало спасувачки екипи и пожарникари, но теренот е недостапен.


Денеска пожарникарите ќе се обидат со сите сили да ги извлечат двајцата Македонци.


Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни, со оглед на снегот и најавените бури.

[назад]
loading...
Коментари