МТСП: Владата ја усвои Националната стратегија „Тимјаник“, Македонија во Женева доби поддршка за процесот на деинституционализација

Четврток, 13 Сеп 2018 | Прочитано 116 пати.

Владата на Македонија на последната седница ја усвои Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ (2018-2027), а Македонија доби искрена поддршка и честитки за започнатиот процес на деинституционализација на 20. Сесија на Комитетот за правата на лицата со попреченост што се одржа неделава во Женева.


„Владата на Р.Македонија е посветена да ги трансформира гломазните социјални установи кои нудат институционална грижа за различни категории корисници во социјални сервиси во лолалната заедница. Бројни активисти и лица со попреченост, ескперти, практичари, претставници на академската заедница, политички актери и јавни фигури дадоа значајна поддршка и придонес во овој процес“, рече во своето обраќање пред Комитетот Душан Томшиќ, посебен советник во Кабинетот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, кој ја предводеше делегацијата во Женева.



Томошиќ истакна дека сериозноста на намерите на Владата и на Министеерството за труд и социјална политика за спроведување на процесот на деинституционализација се гледа во тоа дека е воведена нова буџетска линија за оваа намена на која на транспарентен начин можат да се видат финансиските средсва мнаменети за овој процес.
Во изминатите седум години, период за кој се води дијалогот за Конвенцијата, се имплементирани бројни закони, што бараше дополнителни напори и посветеност од страна на Владата на РМ, но исто така и од страната на локалните самоуправи, граѓанските организации и секако неизостана поддршката од Меѓународните организации, како УНДП, УНИЦЕФ и ЕУ.


Делегацијата на Република Македонија, на Комитетот му ја искажа подготвеноста за прифаќање на препораките кои ќе пристигнат како резултат на дијалогот. Овие препораки со должно внимание и приоритет ќе бидат разгледани на новоформираното владино тело за координација на спроведувањето на Конвенцијата. Исто така и сите министерства соодветно ќе ги адресираат прашањата во однос на подобрување на состојбите и доследно спроведување на одредбите од Конвенцијата.


Одделение за односи со јавност

[назад]
loading...
Коментари

Македонија