Нокаутирал момче сред улица во Карпош: Крв на сите страни, се бара сторителот

Петок, 04 Окт 2019 | Прочитано 1,365 пати.

Во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, денеска во 17.00 часот момче беше нокаутирано среде улица од страна на непознат сторител.


Според очевидци, лицето се наоѓало во многу критична состојба и се очекува да биде префрлено во болница.


– Момчето се шеташе со девојка и одеднаш падна на земјата. Крупен дечко со сив елек и црна коса силно го удри момчето, кое веднаш падна на земја. Му течеше крв од главата и устатата – велат очевидци.


Случајот е пријавен и во полиција, а се очекува да се започне потрага по сторителот.


Извор:slobodenpecat.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија