Одличните услови на студирање главна причина за избор на Меѓународниот Балкански Универзитет

Четврток, 10 Окт 2019 | Прочитано 233 пати.

Квалитетот на стекнатото образование во голема мера зависи од условите во кои се одвива образованиот процес. Многу е важно кои и какви нагледни средства и технички помагала се користат, како се опремени лабораториите, а исто толку е важен и наставниот, односно професорскиот кадар.


Со месец октомври и стартот на зимскиот семестар, новата академска година веќе започна на сите универзитети во земјава. Меѓу нив и на Меѓународниот Балкански Универзитет кој на први октомври ги отвори вратите за новите 500 студенти, како и за оние кои претходните години го избраа токму овој универзитет. А причина за тоа секако е високиот квалитет на образовниот процес кој го обезбедува МБУ.


Универзитетот, на кој функционираат 7 факултети, располага со модерен и опремен кампус кој нуди одлични услови за настава. Во МБУ има 6 амфитеатри кои можат да примат од 80 до 140 студенти. Амфитеатрите се опремени со најсовремена опрема и технологија. Освен тоа, универзитетот располага и со две компјутерски лаборатории во кои студентите имаат можност практично да ги развиваат вештините во сферата на информатичката и компјутерската технологија. Конференциската сала на Меѓународниот Балкански универзитет е една од најголемите во државата, со капацитет од 450 седишта, опремена според највисоки стандарди, со професионално озвучување, осветлување и видео проекција.



За студентите достапен е и Медиа центарот во кој имаат можност да научат како се произведуваат медиа материјалите на универзитетот - промотивни материјали, фотографии, видео, веб страна, социјални медиуми, итн. Овој Центарот нуди можност и за стажирање на студентите.


Дигиталната соба е наменета за оние кои студираат дизајн и уметност и вклучува специјализирана компјутерска лабораторија, стилус таблети за графичко цртање, фото студио и атеље за цртање.


Предавањата на универзитетот се одвиваат преку интерактивно работење и високо професионален однос меѓу професор и студент. Наставата се одвива преку теоретски предавања надополнети со практични примери, а преку овој спој се овозможува побрзо и полесно совладување на материјалот и се стекнуваат ефективни навики за учење. Истата се одвива целосно на англиски јазик.


Наставниот кадар го сочинуваат голем број меѓународно признати професионалци со високо реноме во своите дејности.


Завршната оценка на студентот се формира преку полагање на колоквиум, завршен испит, активности на час и истражувачка работа. Присуството на предавањата е задолжително, а ваквиот пристап кон образовниот процес сериозно влијае на квалитетот на наставата и на можностите за студентите на најдобар начин да се здобијат со знаење и вештини.


Меѓународниот Балкански Универзитет е подготвен за новиот предизвик наречен академска година 2019/2020 и на сите студенти им посакува успешна година.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија