Опасност од одрони во клисурите

Сабота, 10 Март 2018 | Прочитано 156 пати.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира АМСМ.


Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.


извор: OhridNews

[назад]
loading...
Коментари

Македонија