Османи го претстави Планот 18 пред граѓанските организации

Петок, 08 Јун 2018 | Прочитано 232 пати.

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, го презентираше Планот 18, пред претставниците на граѓанскиот сектор.



„Потребата од посебен фокус кон реформите, а мора да признаам, и поради успешноста во адресирањето на реформите преку Планот 3-6-9, Владата одлучи да го задржи овој пристап на координација и мониторинг на реформскиот процес, преку создавање посебен План за реформи – План18“, изјави Османи за медиумите, пред почетокот на презентацијата. Тој посочи дека и со Планот 18, владата ќе го задржи принципот на инклузивност и транспарентност за што како пример посочи и на денешната конференција со Граѓанскиот сектор.



„Планот 18, во неговата драфт, работна верзија, веќе беше претставен пред Делегацијата на Европската Унија, а изминативе два дена Планот го презентирав и во Брисел, пред високите претставници на Европската Унија, пред неколку еврокомесари, а реферирав за Планот 18 и пред Високата претставничка на ЕУ и Потпретседателка Федерика Могерини“, изјави Османи, посочувајќи дека Планот 18, пред неговото заокружување, ќе биде претставен и пред опозицијата, сѐ со цел, да се обезбеди целосен општествен консензус за клучните реформи.



Во текот на претставувањето на содржината и значењето на новиот реформски План 18 пред граѓанскиот сектор, Вицепремиерот Османи посочи дека Планот го покрива периодот на имплементација на реформите сѐ до излегувањето на новиот Извештај на Европската Комисија на почетокот од наредната година, при што целта е да се обезбеди реформска агенда на целата држава кон реформите во периодот од добивањето на препораката за преговори, до, евентуалниот старт на преговорите, кога реформската агенда би имала сосема друг тек.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија