Османи: Користа од спроведувањето на ИПА 2 директно че ја почувствуваат граѓаните

Петок, 22 Март 2019 | Прочитано 171 пати.

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Национален координатор за ИПА, Бујар Османи претседаваше со четвртиот Мониторинг комитет за ИПА заедно со Дејвид Кулен од Генералниот директорат за проширување и соседска политика (DG NEAR), на кој присуствуваа и претставници од Европската комисија и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.




„Спроведувањето на ИПА во Република Северна Македонија се одвива со добра динамика, што е од особена важност имајќи ја предвид чувствителноста на периодот за нашите европски интеграции. Иако се соочуваме со одредени предизвици, веќе ја затворивме програмата ИПА 1 и сега можеме целосно да се посветиме на спроведувањето на ИПА 2. Имаме амбициозни програми чија реализација значително ќе влијаат во подобрувањето на стандардот на граѓаните, но ќе имаат и особено значење во приближувањето на институциите, на државата и воопшто на земјата кон стандардите на ЕУ,“ истакна Вицепремиерот Османи.




Во продолжение на состанокот беа разгледани и статусите на имплементација на ИПА 1 и 2, како и сите ревизии нарачани од страна на ГД НЕАР, соодветно ажурирани од страна на националните институции и се констатираа следните информации: програмирањето на ИПА 2 речиси целосно (96%) завршено;  за една петтина од нив, или за 23% од програмите има склучени договори; а за одреден дел, или за 12% од склучените договори, веќе се извршени и исплати кон изведувачите.




Мониторинг комитетот претставува највисока форма на соработка со службите на Европската Унија, чија цел е да се направи преглед на целокупната ефективност, ефикасност, квалитет, кохерентност, координација и усогласеност на спроведувањето на активностите во рамки на ИПА и исполнувањето на нивните цели, како и размена на информации и согласности за активностите кои ќе се преземаат во наредниот период.




Пред почетокот на состанокот на Мониторинг комитетот за ИПА, Вицепремиерот Османи имаше посебна средба со претставникот од директорат за проширување (DG NEAR) Дејвид Кулен, на која разговараа за спроведените реформи во рамките на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.



[назад]
loading...
Коментари

Македонија