Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Сабота, 07 Јул 2018 | Прочитано 975 пати.

Популарниот македонски пејач Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје. Од полицијата ја потврдија оваа информација.


Според информациите, Илиевски бил најден во моторно возило марка „Тојота“ на Булеварот Трета Македонска бригада.


Од МВР велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.


Засега нема информации кои се причините за смртта.


Извор: 1tv.mk


 

[назад]
loading...
Коментари