Пендаровски доби уверение од ДИК за избран претседател

Сабота, 11 Мај 2019 | Прочитано 56 пати.

Стево Пендаровски во ДИК го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Тој рече дека од понеделник ќе го доекипира својот правен тим а потоа ќе следува разгледување на дваесетте закони кои неговиот претходник Ѓорге Иванов одбиваше да ги потпише. Некои од нив ќе бидат потпишани во првите денови по неговото стапување на функцијата.

Првпат утре Пендаровски ќе влезе во претседателската резиденција. Претходно тој ќе даде заклетва а на инаугурацијата во Собранието во 12 часот ќе присуствува и претседателот на Србија Александар Вучиќ, а присуство најавија и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.





Извор:a1on.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија