Полицијата викендов казнила 147 пијани возачи во Скопје

Понеделник, 14 Мај 2018 | Прочитано 39 пати.

Во текот на изминатиот викенд и петокот (11,12 и 13 мај), полицијата во Скопје казнила 147 возачи кои возеле пијани и 169 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, 52 возачи се исклучени од сообраќај затоа што немале возачка дозвола, а 30 биле возачи почетници кои не го почитувале времето кога им е дозволено да возат.


Исто така, 75 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 69 биле нерегистрирани и шест технички неисправни. 10 возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, шест неправилно престигнувале, тројца не дале првенство на минување на возила. Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале улица надвор од пешачки премин.


Од МВР информираат дека во текот на изминатите три дена „пајак-службата“ кренала 114 возила, а издадени се 204 мандатни платни налози


Викендов и петокот, пак, во Скопје се случиле 29 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 28 со лесни телесни повреди.


Извор: актуелно24


 

[назад]
loading...
Коментари