Полицискиот инспектор си пресудил со службен пиштол

Четврток, 13 Јун 2013 | Прочитано 388 пати.

Триесет и три годишниот Бурил А. вработен во Министерството за внатрешни работи како инспектор си го одзел животот пукајќи си со пиштол во главата.


Од МВР информираат дека полицискиот инспектор на 10-ти на ливада во близина на тетовското село Порој со службениот пиштол марка ЦЗ калибар 7.63 мм си пукал во главата.


Во критична состојба бил пренесен во тетовската болница, а оттаму итно префрлен во Ургентниот центар.


Бурил починал пред два дена, а неговиот погреб бил извршен вчера.


Причините зошто полицискиот инспектор си го одзел животот не се познати. Тој претходно имал еден неуспешен обид за самоубиство.


 

[назад]
loading...
Коментари

Македонија