Преку прилагодена туристичка понуда се промовираат турстичките капацитети на земјава на саем во Римини

Четврток, 10 Окт 2019 | Прочитано 193 пати.

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во соработка со приватниот сектор туристичките дестинации на Република Северна Македонија во период од 9-ти до 11-ти октомври ќе се промовираат на саемот за туризам во Римини, Италија.


Туристичкиот сектор од Северна Македонија меѓу кои и Балкан Прајм Турс, Мацедонија Холидејс, Бохемија, Мото клуб Вепар, Мак Сан Травел, Ресторан Острово, детектираa значаен интерес кај италијанските бизнис субјекти, претставувајќи ја земјава како привлечна и потенцијална дестинација која нуди можности за соработка и вмрежување на туристичките фактори меѓу овие две земји. Преку прилагодена туристичка понуда ги презентираат туристичките капацитети кои ги има земјава, истата е насочена кон недопрената природа, богата култура и можностите за селективни, алтернативни форми на туризмот, а се во интерес на италијанскиот пазар.


Туристичките блогери и оваа година се со голем интерес за посета на нашата земја, а истите се многу значајни за пазарите во развој, изнесувајќи го уникатното и највредното од земјата, со што влијаат на изборот на дестинација кај италијанските туристи. Истите беа поканети да го искусат и доживеат автентичното и локалното од Северна Македонија, преку организација на информативни патувања низ земјава.


"TTG Travel Experience" е главен саем за туризам на туристичкиот пазар во Италија, место за преговарање и вмрежување помеѓу меѓународната понуда и побарувачката на туристички производи. Саемот во Римини е исклучиво B2B настан.Тоа е единственото место во Италија каде излагачите можат да ги сретнат сите главни италијански туристички агенции и тур-оператори, да остварат деловни контакти и развиjат понатамошен успешен бизнис.


 


 

[назад]
loading...
Коментари

Македонија