Премиерот Заев: Како општество коешто се стреми кон одржлив развој, наш врвен приоритет е заштита на здравјето на граѓаните

Сабота, 08 Јун 2019 | Прочитано 149 пати.

По кратка обиколка на оваа здравствена установа и средба со раководството, како и со проф. д-р Оскар Азман од медицинскиот универзитет „Allgemeine Krankenhaus“ од Виена, Австрија, којшто е и визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје, Премиерот Заев даде изјава за медиумите.



Во продолжение интегрално Ви го испраќаме текстот од изјавата на Премиерот Заев.



„Денеска сме на гости во Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија поради неколку причини.


После неколку децении просториите на клиниката се целосно реновирани, а комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, како и дел од опремата. Со тоа на пациентите им овозможуваме врвна медицинска услуга, следејќи ги најновите светски стандарди во современата пластична и реконструктивна хирургија.


Истовремено, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација.


Покрај тоа, денеска тимот на пластични хирурзи на клиниката, под водство на професор доктор Оскар Азман од медицинскиот универзитет „Allgemeine Krankenhaus од Виена, Австрија, којшто истовремено е и визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје, за прв пат извршија сложен оперативен зафат.


Пред малку професорот Азман ме информираше дека работат овде, заедно со нашите институции, прават операции, пренесуваат свои искуства. Операции коишто се направени поминале добро, секако професорот ќе каже и малку подобро за тоа. Секако останува да ги унапредуваме и да ги усовршуваме нашите медицински лица, да го зголемуваме нивниот капацитет преку соработка со вака врвни експерти коишто работат со нас.


Ги реализираме, почитувани граѓани, врвните заложби на Владата на Република Северна Македонија, односно се трудиме да обезбедиме најсовремени здравствени услуги коишто се достапни за сите граѓани.


Заедно со министерството за здравство посветено креираме модели коишто ќе обезбедат одржлив јавен здравствен систем.


Зачувувањето и заштитата на здравјето на нашите граѓани, за нас како општество коешто се стреми кон одржлив развој, се врвен приоритет“.


 

[назад]
loading...
Коментари

Македонија