Промоција на поштенската марка „75 години од депортацијата на евреите во Македонија”

Среда, 05 Дек 2018 | Прочитано 65 пати.

Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, а во организација на Македонски пошти, се одржа Промоција на поштенската марка „75 години од депортацијата на евреите во Македонија“, на која поздравни обраќања пред присутните имаа Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Амбасадорот на државата Израел во Македонија, Дан Ориан, Директорот на АД. “Македонска Пошта”, Ејуп Рустеми и Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани.

„Ми претставува вистинска чест што, како предводник на Секретаријатот за европски прашања денес сум домаќин на оваа манифестација со која се одбележува 75 години од холокаустот на евреите, но и посебно задоволство, лично за мене, како човек кој се залага со промоција на современите европски вредности на слобода, еднаквост и соживот, што ја имам оваа можност да бидам дел од ова одбележување - истакна Османи. Во овој контекст тој додаде дека депортацијата на евреите од Македонија за време на втората светската војна, претставува веројатно еден од најцрните и сигурно еден од најтажните периоди во историјата.

Во продолжение Османи се осврна на предизвиците низ кои поминува Република Македонија во овој период стремјќи се да ја зацементира својата евроатлантска ориентација, при што додаде дека одбележувањето на денешниот ден претставува континуитет на нашата суштинска определба, да бидеме дел од создавањето, од негувањето и промоцијата на вредностите на кои почива западната цивилизација.

„Како политичари, како Влада, но и како земја, како граѓани остануваме целосно посветени на изградбата и зацврстувањето на интегративните предизвици со кои се соочуваме, најпрвин внатре, преку негување, на принципите на соживот, на еднаквост, на правичност, но и надворешно, вложувајќи огромни напори во историското помирување на народите и затворањето на меѓусебните прашања, како основен предуслов за европската интеграција на целиот Балкан”- додаде Османи при што во овој контест нагласи дека токму успехот од овие процеси, успехот во промоцијата на европските вредности, всушност претставува зачувување на смислата на еврејската жртва, како безвременски чувар на хуманоста, солидарноста и слободата.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија