Првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Петок, 08 Јун 2018 | Прочитано 809 пати.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 15 јуни 2018 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.


Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија