Пукотници во оружен грабеж на банка во Чаир, разбојниците во бегство

Понеделник, 15 Апр 2019 | Прочитано 235 пати.

Вооружени лица утрово извршија разбојништво во „НЛБ банка“ на ул. „Ферид Бајрам“ во скопската населба Чаир, при што одземале непозната сума пари.


Настанот е пријавен во МВР во 10.30 часот, откаде што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.


Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е., 26-годишен вработен во обезбедувањето на банката.


Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.


„НЛБ банка“ се огласи преку соопштение во кое се истакнува дека клиентите кои се затекнаале во експозитурата и вработените на банката се безбедни и во добра состојба. Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот, а средствата на корисниците се сигурни.


Извор: Нова Македоонија

[назад]
loading...
Коментари

Македонија