Рис и волк снимени во националниот парк Маврово

Петок, 12 Јул 2019 | Прочитано 132 пати.

Фотографија од рис и видео од волк направени со помош на „фотозамки“ во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис, кој се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво, беа објавени на фејсбук-страницата на националниот парк Маврово.


Систематски активности за заштита на балканскиот рис на подрачјето на националниот парк Маврово се предвидени со акцискиот план направен од Македонско еколошко друштво и ќе се спроведува до крајот на 2020 година. Овој документ беше изработен и ревидиран во партнерство меѓу МЕД и НП Маврово и други релевантни партнери од земјава и странство вклучени во програмата за зачувување на балканскиот рис.


 https://www.facebook.com/mavrovo/videos/869933783381048/


Извор: novamakedonija.com.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија