Се олеснува трговијата меѓу Македонија и Србија

Сабота, 14 Апр 2018 | Прочитано 66 пати.

Се подобрува соработката меѓу Македонија и Србија со што ќе се овозможи побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи соопшти резорот за земјоделство. Ова се дел од придобивките што македонските извозници ќе ги имаат со потишувањето на двата договора од областа на безбедноста на храна и фитосанитарната соработка, со Република Србија.


Договорите се усогласуваат и до 30-ти јуни годинава треба двете држави да ги потпишат. Тоа практично значи заемно признавање на сертификатите на двете земји, односно ќе престане потребата за двојно земање на примероци и анализа на прехранбените производи, што во голема мерка ќе ги намали дополнителните и непотребните трошоци со кои се соочуваат компаниите извозници од двете земји.


Конкретно, со потпишување на Договорот за соработка за безбедност на храна и ветеринарство, за 15 дена се крати времето на чекање за лабораториско испитување, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство.


Извор: МРТ

[назад]
loading...
Коментари

Македонија