Снежна прекривка ја затрупа Македонија

Среда, 09 Јан 2019 | Прочитано 212 пати.

Времето е променливо облачно и претежно тивко, во западните делови на земјава има локални врнежи од снег. Наместа дува слаб ветер со променлив правец.

Под влијание на влажен и студен бран ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Дневната температура ќе достигне од -3 до 2 степена.

Во Скопје ќе има повремени врнежи од снег, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максимална температура до -1 степен.

И утре ќе има врнежи од снег, повторно повеќе во западните делови и снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.


Извор:reporter.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија