Со автомобил паднале во провалија, двајца загинати

Понеделник, 10 Сеп 2018 | Прочитано 1,211 пати.

Прилепчаните О.И.(37) и Р.М. (56) загинале откако со автомобилот во кој се возеле излетале од мост и паднале во провалија, изминатата ноќ, на магистралниот пат Градско-Прилеп.


Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила 20 минути по полноќ. Возачот О.И. управувајќи автомобил „опел астра“, изгубил контрола, удрил во заштитната ограда од мостот, излетал од патот и паднале во провалија.


Возачот О.И. и сопатникот Р.М. починале на местото на несреќата.


Смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.


Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.


Извор: mkd.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија