Спасовски од Кичево: На 30 септември да заокружиме ЗА и да го оствариме сонот на нашата генерација, да ја обезбедиме иднината за младите...

Понеделник, 10 Сеп 2018 | Прочитано 236 пати.

Министерот за внатрешни работи и потпретседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски вчера беше во посета на Кичево, се сретна со граѓаните и учествуваше на отворена граѓанска трибина.



Пред присутните граѓани министерот Спасовски зборуваше за придобивките за Македонија со влезот во Европската унија и НАТО сојузот.



„Со членството во НАТО се гарантираат границите на Република Македонија, територијалниот интегритет, обезбедуваме мирен сон, на нашите семејства на нашите деца и преку таквата стабилност ги затвораме сите отворени прашања кои што 28 години демнеа над Република Македонија“ рече Спасовски.



„ЕУ значи отворање на Македонија кон светот и најважно прифаќање на европските вредности во нашата држава. Нема поголемо признание од тоа македонскиот јазик да биде официјален јазик и нашето кирилско писмо кај петстотини милиони граѓани, нема поголемо признание, нашиот идентитет кој е загарантиран да биде рамноправен со сите членки на европското семејство“ додаде Спасовски.


Спасовски ги повика граѓаните без разлика на нивната верска, национална, етничка или политичка припадност, да се вклучат во процесот за интеграција во ЕУ и НАТО, на 30 септември да излезат на референдумот и да гласаат ЗА и со тоа да придонесат да се оствари сонот на претходните, сегашните и на идни генерации.


[назад]
loading...
Коментари