Средба на Ахмети со американскиот помошник државен секретар Мичел

Петок, 14 Сеп 2018 | Прочитано 151 пати.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Скопје се сретна со американскиот помошник државен секретар, Вес Мичел и Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, соопшти денеска ДУИ.


Високиот претставник од Соединетите Американски Држави, стои во соопштението, ја поддржал евроатланската перспектива на Македонија и регионот



Ахмети изразил голема благодарност за придонесот на САД за слободата, мирот и демократизацијата не само во Македонија, туку во цела Југоисточна Европа.


– Постигнатиот успех во овие две децении е заеднички и се заокружува со спроведувањето на Договорот од Преспа и интеграцијата во НАТО и ЕУ. За тоа, Ахмети лично, но и сите од Демократската унија за интеграција се целосно мобилизирани и посветени на успехот на овој процес затоа што тоа го сакаат граѓаните на ова земја, Албанците, Македонците и сите други, се подвлекува во соопштението.


Ахмети, се посочува во соопштението, исто така ја искористил приликата да истакне колку ДУИ е посветена на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата и воопшто на системските реформи.


Извор: a1on.mk

[назад]
loading...
Коментари

Македонија