Средба на турскиот претседател Ердоган со премиерот Заев

Понеделник, 12 Фев 2018 | Прочитано 322 пати.


Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, беше примен од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Претседателскиот комплекс во Анкара


Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, беше примен од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во Претседателскиот комплекс во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).


Средбата меѓу Ердоган и Заев траеше околу еден час и беше затворена за медиумите.


Премеирот Заев престојува во официјална посета на Р. Турција. Тој денес беше пречекан од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим, со кого одржа тет-а-тет средба, по која беше одржана и меѓуделегациска средба. Потоа двајцата премиери одржаа заедничка прес-конференција.


Јилдирим, организираше свечен ручек во чест на премиерот Заев.


Во рамките на посетата на Р. Турција Заев се состана и со претседателот на Големото народно Собрание на Турција, Исмаил Кахраман.


[назад]
loading...
Коментари