Стопанските комори бараат одложување на даночните реформи за прогресивно оданочување за најмалку 5 години

Четврток, 13 Сеп 2018 | Прочитано 117 пати.

Денеска, четирите стопански комори, потписници на Платформата за јавно-приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија испратија официјален допис до Министерството за финансии на Р. Македонија, со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.



Во текот на изминатите неколку месеци членовите на Платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашните претпријатија и организираа две фокус групи по однос на ставот за прогресивното оданочување и последиците кои истиот ќе ги донесе врз развојот на македонската економија. Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис заедницата дека доколку прогресивното оданочување се реализира, во моментов истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница. Согласно направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање.


Во прилог на овој допис Ви го доставуваме Позициониот документ кој е изработен и усогласен од страна на четирите стопански комори како став на бизнис заедницата во врска на најавените даночни промени. Документот е придружен и со изработената студија – Ефекти од политиката на рамни даноци во Република Македонија, која е земена за основа во процесот на дефинирање на доставениот Позиционен Документ.


Оваа активност е дел од Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ финансиран од страна на УСАИД а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори.


Со почит,


Проект на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“

[назад]
loading...
Коментари

Македонија