Суви коловози, умерен интензитет на сообраќај

Вторник, 10 Апр 2018 | Прочитано 86 пати.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.


АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Поради изведување градежни работи (асфалтирање) на регионалниот пат Р – 2336, с.Теово – с. Богомила, од денес 10.04.2018 во наредните 30 дена, сообраќајот ќе биде во прекин секој ден во период од 10:00 до 14:00 часот.


На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.


извор:OhridNews

[назад]
loading...
Коментари

Македонија