Таблите со новите имиња на аеродромот и автопатот по објавување во „Службен весник“

Среда, 07 Фев 2018 | Прочитано 578 пати.

Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување на владината одлука во „Службен весник“.


Од Јавното претпријатие за државни патишта појаснуваат дека откако ќе се објави одлуката, на нивно барање и со нивен буџет активностите на терен за отстранување на сегашните сообраќајни знаци и за поставување нови, ќе ги спроведе јавното претпријатие „Македонија пат“.


Новото име на автопатот ќе биде „Пријателство“. Сегашното име „Александар Македонски“ се користи од јули 2008-ма година, а тоа име беше определено со одлука на претходната влада.


Од декември 2006-ми година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“, кое треба да биде заменето со „Меѓународен аеродром Скопје“.


извор:МРТ

[назад]
loading...
Коментари