Татко и ќерка нападнати од ротвајлер

Вторник, 10 Апр 2018 | Прочитано 134 пати.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во 22:30 часот било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во паркот за кучиња во населбата Карпош, 13-годишно девојче, кое било со нејзиниот татко, 43-годишниот Д.Д., било каснато од куче–Ротвајлер, водено од женско лице.


Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко кој се обидувал да го оттргне кучето се здобил со телесни повреди.


На повредените им е укажана лекарска помош во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“.


извор:Сител ТВ

[назад]
loading...
Коментари