Учество на Државниот секретар во МНР Виктор Димовски на Самитот на Меѓународната организација на Франкофонијата во Ереван

Петок, 12 Окт 2018 | Прочитано 183 пати.

Државниот секретар во МНР Виктор Димовски ја предводи делегацијата на Република Македонија која учествува на 17-от Самит на Меѓунароната организација на Франкофонијата кој на 11 и 12 Октомври се одржува во Ереван, Ерменија.

За време на престојот Виктор Димовски оствари средба со  шефот на романската делегација, заменик премиерот за стратешки партнерства Ana Birchall, на која беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот и можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка. Од романска страна беше изразена целосна подршка за европската и евроатланската агенда на нашата земја со очекување дека пристапните преговори на нашата земја ќе отпочнат во првата половина на следната година за време на романското претседателство со ЕУ.

Виктор Димовски имаше средба и со МНР на земјата домаќин, Zohrab Mnatsakanyan со кој беше разговарано за можноста и модалитетите за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Ерменија. Воедно, беа разменети мислења и за приоритетите и реформските агенди на двете влади, како и за развојот на настаните во кавкаскиот регион и Југоисточна Европа.




На Самитот кој се одржува под мототo „Да cе живее заедно во солидарност, споделување на хуманите вредности и почитување на различностите - извор на мир и просперитет во франкофонскиот простор" учествуваат Шефови на држави и влади и претставници на МНР на 84 земји од сите континенти  во кои се говори и користи францускиот јазик.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија