Учество на МНР Никола Димитров на 40-тиот Состанок на Советот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата за црноморска економска соработка, во Софија

Четврток, 27 Јун 2019 | Прочитано 121 пати.

На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска економска соработка, утре (петок, 28 јуни 2019 година) во Софија, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, ќе учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка.


Се очекува на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација. Се предвидува МНР Димитров да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка.

[назад]
loading...
Коментари

Македонија