Укината забраната за камиони на патиштата кај Маврово и Дебар

Сабота, 12 Јан 2019 | Прочитано 182 пати.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека најмногу снег има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, по што следат Пожаране со 49, Лазароиполе со 48, Попова Шапка со 47…


Сообраќајот на државните патишта и натаму се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија


На дел од патните правци е укината забраната за движење на тешки товарни возила, додека на дел и натаму е во сила. Забрана за движење на камиони има на патниот правец крак Дебар-Струга, а забрана за сообраќај на автобуси има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, информираат од АМСМ.


Оттаму додаваат дека во 08 часот и 30 минути утринава е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар во двата правци.


Извор: Радио Слободна Европа

[назад]
loading...
Коментари