Уште осум држави треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Петок, 12 Јул 2019 | Прочитано 87 пати.

Турција и Чешка се последните две држави кои го ратификуваа протоколот за членство во НАТО на нашата држава.


Чешка е 21-та држава која го ратификуваше овој документ и со тоа останаа уште осум држави, кои во нивните парламенти треба да дозволат влез на Северна Македонија во НАТО-алијансата.


Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, изјави чешкиот вицепремиер Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.


Шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин на неговиот твитер-профил објави дека како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес.


Извор: fokus.m

[назад]
loading...
Коментари

Македонија